Арсовска ќе седне на маса со Мицкоски, но нема да дава изјави
Од
Објавено на
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе остварат средба со Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје во просториите на Владата.
„По завршување на средбата, изјава за медиуми ќе даде Министерот за локална самоуправа Златко Перински“, велат од Владата.
Арсовска инсистираше на средба откако против Мицкоски изнесе низа обвинувања кога тој беше во опозиција.