Скопје

(Видео) Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег!

Подготвителниот меч кој се играше во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка.

Инцидентот се случи на две минути до крајот на мечот кога по еден прекршок од страна на кошаркар на ТФТ имаше реакција на клупата на чаирчани. Тензијата се прелеа и во публиката до степен да дојде и до тепачка.

Најдебелиот крај го извлече капитенот на ТФТ, Едис Нури кој беше нападнат од неколку навивачи на Чаир кои со боксови се пресметаа со кошаркарот. Инцидентот е пријавен во полиција.

На почеток