Некатегоризирани

Не се точни тврдењата на вработените во „Улици и патишта“ кои анонимно ги испратија до медиумите, тврди директорот кој се огласи преку адвокат

Преку адвокат, претпријатието „Улици и патишта“ ги демантира вработените кои преку е-пошта испратија низа обвинувања на сметка на директорот Ванчо Умленски. Адвокатот смета дека вработените му ја нарушуваат честа и угледот на Умленски.

„Имено, тврдењата изнесени во текстот се неточни, невистинити, непроверени, тенденциозни со цел манипулација на јавноста. Вака изнесените невистини за ликвидноста на ЈП Улици и Патишта влијае штетно и обесхрабрувачки за сегашните и идни добавувачи, со што се загрозува извршувањето на неговата основна дејност“, се вели во дописот до нашата редакција од адвокатот Трајче Арсов со адвокатска канцеларија од Велес.

Дописот на кои реагира „Улици и патишта“:

Вработени во Улици и патишта: Притисоци за „Луна паркот“, доведено во прашање функционирањето!

На почеток