(Во живо) „Претрес“ на Туфегџиќ: Убиството на Вања и улогата на таткото, детали за „Монструм“, прислушувањето и Мијалков, за „Еразмус“, „Софтвери“…
Мијалков, Верушевски, Богоевски, Палевски, Ѓорчевски, Вања… Прислушување, убиства, економски криминал, изнуди, дрога… Ќе го претресеме – Владимир Туфегџиќ, екссудија и адвокат.
Која е вистината за убиството на Вања Ѓорчевска, која е улогата на таткото Александар? Ова е првото прашање кое ќе го отвориме во „Претрес“… но екссудијата ќе го прашаме и…
Кој прислушуваше во Македонија? Како прислушкувачот го победи судството? Што се случуваше во истражната постапка за „Монструм“ по убиството на децата и рибарот? Како случајот „Меѓународен сојуз“ остана без Фросина Ременски и каде се префрли товарот?
Оваа среда од 21 часот, од прва рака ќе дознаете сѐ за професорите од економскиот факултет кои барале секс од студентки за да им дадат оценки, за истрагата „Агент“ против првиот директор на УБК, Слободан Богоевски, за случајот „А1 телевизија“ и нејзиното затворање…
Ќе ги претресеме и случајот „Софтвери“ со Драги Рашковски, „Синџир“ каде обвинети се вработени во УЈП… ова не е ни третина. А со сето ова, се врзува само едно име: Владимир Туфегџиќ, како поранешен судија кој изрекуваше високи казни, сега адвокат.
Поранешниот судија и адвокат ќе биде наш гостин. Во овој поткаст ќе чуете познати имиња и кривично-правни процеси кои тој ги судел или застапувал како адвокат.
Следете во живо на јутуб-каналот, каде може да поставите прашања: