Скопје

(Видео) Шест повредени во голем пожар во скопски Чаир

Најмалку шест лица се повредени во голем пожар кој утрово избувнал во станбена зграда во скопската населба Чаир.

Огнот според информациите почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад.

Според информациите, шест лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад.

На почеток