На 11.03.2019 во 14.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, полициски службеници запреле товарно возило „Ивеко деили“, управувано од Ш.Е.(21) од Косово, а сопственост на А.Ќ.(28) од село Арачиново, скопско. При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан.
Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.