Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен е Митко Чавков

Предмалк уе уапсен Митко Чавков – дознава Скопје1.мк .

Како што дознаваме причина за апсењето е тоа што Чавков планирал да избега од државата.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.

Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток