Свет

Страшни поплави во Шпанија, над 60 загинати

Најмалку 64 лица загинаа во поројните поплави што го погодија југоисточниот дел на Шпанија.

Поројните дождови, предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, вчера ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Денеска се огласи и шпанскиот премиер Педро Санчез кој рече дека „овој катастрофален инцидент не е завршен“.

„Жителите на неколку региони, вклучувајќи ги Валенсија, Андалузија и Каталонија, треба да преземат мерки на претпазливост. Обидете се да не возите или да останете во близина на мостови, не ставајте ги животите во опасност“, рече Санчез.

Фон дер Лајен: Европа е подготвена да помогне

„Она што го гледаме е поразително. Цели села се покриени со кал, луѓето бараат помош на дрвјата. Автомобилите се однесени од силните порои. Десетици мртви, стотици евакуирани. Нашите мисли сега се со семејствата на жртвите, но исто така и оние чии членови сè уште се водат за исчезнати.

Спасувачките служби неуморно работат за да ги пронајдат исчезнатите и да им помогнат на оние на кои тоа им е најпотребно сега. Европа е подготвена да помогне“, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

На почеток