Скопје

(Видео) Вработените страдаат, состојбата во ЈСП е катастрофална, велат синдикалци од ЈСП

Елизабета Тошевска и Меџит Идризи од синдикатот на ЈСП отворено проговорија за состојбата во ЈСП каде се долгогодишни работници, а Елизабета е две години пред пензија.

„ЈСП никогаш не бил во толку лоша состојба, таа е катастрофална. Вработени страдаат.Поради дадено интервју не прераспределија, па по тужбите не вратија. Се плашам дека и по ова интервју ќе имаме последици, но морав да дојдам и да ја кажам вистината. ЈСП ми е во вените. Законот и правдата се на наша страна“, велат синдикалците од ЈСП.

Апелираат до сите вработени да не молчат за притисоците.

Возачи во ЈСП нема доволно, а бркаат возачи од каприц. Наместо да ги вработат, велат, ги воделе преку Агенција.

Директорот на ЈСП, иако уредно поканет, не се појави да се соочи со синдикалците и со јавноста.

На почеток