Трагикомични се најавите на премиерот дека извршната власт од понеделник ќе ја апси судската и обвинителската, вели Калајџиев
Од
Објавено на
По најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека од понеделник ќе има акција против судиите и обвинителите што ја спречуваат правдата се огласи професорот Гордан Калајџиев.
-Диктатура на патриотите! Најавите на премиерот дека извршната власт од понеделник ќе ја апси судската (и обвинителската) се трагикомични! Нам ни’ нема спас…, напиша тој.
Тој го искоментира и министерот Панче Тошковски кој најави: „Жесток и суров одговор ќе има на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија“.
„Почитуван министре, сакам да потсетам дека полицијата може и треба да реагира енергично, одлучно и сл. (пропорционално), но никогаш “сурово”!“, додава Калајџиев.