Свет

Полицијата заплени рекордни 2,3 тони кокаин и уапси 13 лица: Голема акција во Австралија

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се распадна во близина на брегот на Квинсленд.

Од полицијата велат дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека им се заканува доживотен затвор како максимална казна, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

Инспекторите им рекоа на новинарите во Бризбејн дека дрогата била транспортирана од Јужна Америка.

Апсењата во саботата и неделата уследија по едномесечна истрага што следеше по дојавата дека криминална банда планирала операција за шверц на тони кокаин, соопшти полицијата.

На почеток