Од Нова година, струјата поскапа најмногу за 1 процент
Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски ги презентираше нивните пресметки, според кои цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу 1% од почетокот на 2025 година.
„Не очекувам просечната цена на домаќинствата да биде поголема од 1 процент. Во однос на оној дел што е најважен за домаќинствата и за малите потрошувачи, кај мрежарината, вклучувајќи ја цената на преносот и на дистрибуцијата има намалување за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарината затоа што одредени компании имаат поголем профит од она што беше одредено. Позната е и цената по која ЕСМ ќе продава струја на ЕВН хоум”, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.