Македонија

Одлука за Законот за јазици ќе има за два-три месеци, ќе се слушаат прво мислењата на експертите

Уставниот суд нема да одлучува за уставноста на Законот за јазиците. На денешната седница со пет гласа „за“ и еден „против“ одлучија дека прво треба да се одржи подготвителна седница. Судијката Добрила Кацарска беше за одма да се донесе одлука.

Тоа значи да повикаат експери за да ги слушнат нивните мислења, а потоа да одржат седница и да одлучуваат.

„Дали за еден, два, три месеци плус или минус, овој суд ќе донесе одлука“, рече претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

На почеток