Коментари

Лазаров за „гивавејот“: Сум поминал поголеми притисоци, не правам ништо погрешно

Јутуберот Стефан Лазаров се обрати до јавноста за „гивавејот“ кој го реализираа со Бојан Јовановски-Боки 13. Тој по објавите дека сторил законски повреди оти немал лиценца, рече дека проектот ќе продолжи во друга форма, а за промените ќе ја извести јавноста. Тврди дека ова се притисоци кои тој ги трпи.

„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно. Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо погрешно. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени. И уште нешто, не верувајте на се што ќе прочитате. Ве сака Лазаров“, напиша јутуберот.

Бојан Јовановски-Боки 13, се повлекува од појавување во јавност со Стефан Лазаров на најавените настани за „Гивавеј“, со Стефан Лазаров.

Боки 13: Поради нанесениот, преживеан стрес и влошеното здравје, се повлекувам од појавување на „гивавејот“ на Лазаров

На почеток