Свет

Полскиот министер: Москва треба да биде принудена на мировни преговори, а не Киев

Полскиот министер за надворешни работи изјави дека Русија, а не Украина, треба да биде принудена на мировни преговори. Тој ги повика ЕУ и САД да и помогнат на Украина да постигне подобра преговарачка позиција.

„Москва, а не Киев, треба да биде принудена на мировни преговори, бидејќи Кремљ е тој што не сака мир“, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, а пренесува Дојче веле.

Поделбата на задачите треба да биде таква што и САД и Европската унија и помагаат на Украина да постигне подобра преговарачка позиција за потенцијалните идни преговори, кои треба да бидат поттикнати и принудени од агресорот, а не од жртвата, нагласи политичарот.

Според него, Европската унија треба „да се мобилизира уште повеќе“ во светлината на претстојната администрација на Доналд Трамп.

На почеток