Македонија

30 дена притвор за Груби: судот смета дека може да се крие и да уништува траги

Кривичен суд сепак му определи притвор на ексвицепремиерот Артан Груби.

„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои ЈО предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со го прифати предлогот на ЈО и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл.165 ст1. Т.1 и 2.“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“.

Според судот, постои основано сомневање дека може да се крие и бега, но и да фалсификува и уништува траги.

Дел од медиумите објавија дека Груби се враќа во Македонија, но „Скопје1“ не успеа да добие ваква потврда од осомничениот кој засега се наоѓа во Косово, каде отиде пред два дена (неделата).

Засега е познато дека Груби со уште едно лице, во возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија преку граничниот премин со Косово. Се шпекулира дека станува збор за газда на познат бренд.

Груби и самиот најави дека ќе се врати во Македонија.

На почеток