(Видео) „Нека ни даде плата да и купиме цвеќе за роденден“, вработените од „Улици и патишта“ на протест, Данела ја слави 45-та година
Вработените во јавното претпријатие „Улици и патишта“ излегоа пред Град Скопје да си ја бараат платата која повторно не ја земале. Тие упатија порака до градоначалничката Данела Арсовска дека очекуваат претпријатието да добие одблокирана сметка, како и да добијат К-15.
Бидејќи денеска и е роденден на Арсовска, еден од синдикалците, вработен во „Улици и патишта“ и сними и видео порака: „Чекаме да дојде, да ни даде плата, за да и купиме цвеќе за роденден. Ја чекаме и да дојде да и го честитаме роденденот, ајде со среќа“.
Пред Град Скопје е донесен и еден од камионите на „Улици и патишта“.
Ова не е првпат вработените во „Улици и патишта“ да се бунтуваат бидејќи немаат редовни примања. Слично беше и минатите месеци.
Во меѓувреме, Арсовска разреши уште еден директор на претпријатието.
Во септември, вработени известија дека состојбата во прертпријатието е лоша.
Вработени во Улици и патишта: Притисоци за „Луна паркот“, доведено во прашање функционирањето!
Но демантираа од управата.
Сепак, очигледно дека претпријатието не може навремено да подели плата.