Македонија

Грипот коси

За повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во текот на втората недела од јануари пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип.

Од заболените 633 лица се на возраст од 15-64 години, забележни се 179 случаи кај деца на возраст од 5-14 години, а 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Најмногу заболени има во Скопје 305, потоа Дебар 134, Куманово 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци 62.

„Од почетокот на сезоната 2024/2025, заклучно со втората недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 130 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Сите пристигнати материјали се тестирани за присуство на инфлуенца вирус, SARS-CoV-2 и/или RSV. Детектирани се 14 позитивни случаи на Influenza, 2 Influenza А(H1)pdm09, 11 Influenza А(H3) и 1 Influenza B/Victoria. Регистриран е еден позитивен случај на SARS-CoV-2. Дополнително, регистрирани се 5 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV)“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Во земјава се спроведува таканаречен сентинел надзор за состојбата со грип и КОВИД-19 во земјава за да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси кои циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Од сентинел местата кои учествуваат, во 2-ра недела пријавени се вкупно 50 САРИ (Сериозни Акутни Респираторни Инфекции).

На почеток