Македонија

(Видео) Освен терапија, нема ни доволно персонал на Онкологија: „Страшно, здравството ни е уништено“

Освен сериозни недостатоци на лекови за сите пациенти кои се лекуваат, на Клиниката за онкологија има и недостаток на здравствен кадар. Пациенти од цела Македонија примаат терапија токму на Клиниката, а има минимален број на медицински сестри и технички персонал. За ова сведочи и пациентката Тања Цвијановиќ.

„Страшно…Здравството ни е уништено….На Онкологија цела Македонија персонал нема во дневната болница персоналот со сите сили пробува да ги опслужи сите пациенти…Викаа не чинело порано сега пак е уште полошо просторијата за зомета затворена бидејќи нема персонал сите си одат од онкологија а тие што се останати неколкумина во дневната се вистински ХЕРОИ….Господ да ни е напомош….“, напиша таа.

Вечерва (среда, 22 јануари) за првпат ќе можете да видите каков хаос се случува низ ходниците на Онкологија, како персоналот и раководството се обидуваат да се справат со гужвите, но и како се функционира по скандалот „Онкологија“. „Претрес“ ви го носи вториот дел од репортажата „Крик за живот“.

На почеток