Горан Ангелов-Ќосето не се извинува и ја одби понудата на судијата, адвокатот Пешевски: Горчина се ствара!
Пораката на судијата Илија Трпков до осудените за „27 април“, при носење на решението за амнестија на организаторите, дека треба да наведнат глава и да се извинат – беше дочекана со критика од лицата кои повеќе од седум години се по затворите. Но исто така, реагираа и адвокатите.
Драган Пешевски, адвокат на Горан Ангелов, напиша „Јас и Горан Ангелов-Ќосето глава не наведнавме, нит па имаме намера. Понудата е одбиена “честити” суде!!!“.
Потоа тој додаде:
„Нека им е честита слободата на амнестираните организатори за 27ми април. Не навлегувам во анализа, ниту објаснувања за команданти и војници, организатори и извршители, не е тоа целта на постот. Целта на постот е горчината што се ствара верувам кај сите и кнедлата што се појавува во грлото кога ке видиме селективност во судница. Некои се очигледно поеднакви пред законот од други. Селективност имаме во судница по партиска припадност, посебно по висина на партиска функција. Јас учев дека правдата е слепа, ама оваа нашава изглеа ѕирка под превезот а мачот и е отапен!!!“.