Македонија

Алармантно зголемен бројот на заболени од грип

Во четвртата недела од јануари пријавени се 1.878 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грипот.

Ова е за 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.

Најмногу заболени, 1066 се лица на возраст од 15 до 64 години. Деца се 349 и тоа на возраст од 5 до 14 години, 325 од новозаболените се деца на возраст до четири години.

Регистрирани се заболени 138 лица на возраст над 65 години

Најмногу заболени има во Скопје, 581 лице. Потоа Кавадарци со 219, Куманово со 167, Струмица со 162 и Штип со 106.

„Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 отсто три недели по ред. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип“, соопштија од ИЈЗ.

ИЈЗ препорачува да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат или имаат покачена телесна температура.

На почеток