Некатегоризирани

(Видео) Таткото на Фросина низ солзи: Ни уби бисер од дете, врвен дизајнер

Во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, беше оддржан граѓански собир во чест во знак на сочувство со родителите. На протестот присуствуваше и таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој испрати порака вакво нешто да не се случи повторно и побара од организаторите, доколку планираат да продолжат со протестите, да не дозволат тие да добијат политичка заднина.

„Ова наше правосудство е коренот на сите наши проблеми, протежира неказнивост кое потоа се одразува на сите сфери во животот. Имаме ли неказнивост, имаме тотален распад во системот, во државата. Не само во сообраќајот, туку и во другите сфери. Последиците ги трпат децата. Тој губитник по сите мерила на животот кој го направи ова, влезен во некој лош филм, ни уби бисер од дете, врвен дизајнер. Сѐ поради таа неказнивост“, кажа низ солзи таткото Тодор Кулаков и додаде:

„Не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не бидат од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш навистина ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех“.

На почеток