Македонија

„Не се откажуваме додека не те најдеме, премногу боли!“ – седум дека се трага по Миле, сечија помош е добредојдена!

Седум ден трае потрагата по неготинчанецот Миле Тодоров, од кого нема ниту трага ниту глас. Семејството, роднините и пријателите очајно бараат помош од секој што може да се приклучи на потрагата или има било каква информација. Тодоров е спортист, кој откако дал отказ на работа, мистериозно исчезнува. Најден е неговиот телефонски апарат, но и покрај целата потрага, него го нема.

Полицијата, екипи на Противпожарната бригада во Неготино, пријатели и роднини, сите го бараат. Неговата сестра Марија Атанасиевиќ јавно кажа дека нема да се откажат од него се додека не го најдат.

„Некогаш Господ нѐ става во тешки искушенија да види колку ќе издржиме. Ние, не се откажуваме. Ќе се бориме за тебе, се додека не те најдеме. Премногу фалиш и боли бидејќи и овој ден не си со нас. Ќе бидеме храбри и истрајни додека не те видиме“, напиша таа.

Последен пат, Миле беше виден минатиот четврток, во 10:30 минути кај местото Марена, облечен во работничко одело, бело палто и црн елек. Доколку го забележите, пријавете во најблиската полициска станица.

На почеток