Македонија

Идеата за нов Клинички на пауза, 8 Септември ќе стане регионален центар

Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување најави пауза во плановите за нов Клинички центар.

Потребно е да се анализираат потребите на населението а демографските промени и бројот на пациенти ќе влијаат на понатамошните одлуки.

Според него, болницата „8 Септември“ има најдобри капацитети за понатамошна модернизација, бидејќи располага со доволно простор и инфраструктура.

Планираме, рече, Градската општа болница ,,8 Септември“ во Скопје да стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес.

Презентирајќи го буџетотот на Фондот за 2025, Клековски рече дека реорганизацијата на „8 Септември“ е дел од здравствената стратегија, владина и партиска.

„ 8 Септември” има 150 квадратни метри болнички кревети наспроти Стара Градска каде што се 30 и нешто квадрати. Поради тој капацитет и инфраструктурата околу Болницата, очекувано е дека таму ќе се инвестира за да се види колку може да се растовари Клиничкиот центар во однос на секундарно здравство. Морам да кажам дека во ,,8 Септември” се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клинички.Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Освен Онкологијата, мислам дека ќе бидат најавени нови проекти, како на пример Нефрологија“, рече Клековски.

На почеток