Коментари

Убиениот Хебиб е син на поранешен функционер на ДУИ

Лицето кое загина вчеравечер на територија на Чаир е Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, а сега вработен во Општина Чаир, кој во 2013 година беше и директор на Државната техничка инспекција. Пријателите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи.

„На Аллах му припаѓаме и само на Него ќе се вратиме! Хебиб Буњаку, најдобриот син на нашето маало во Серово, познат по широкото пријателство низ фудбалот, и по многу други атрибути, почина и Хебиб беше син на Екрем Буњаку. Како соседи кои ги делеле истите неволји во едно маало и во знак на почит, изразувам сочувство до чичко Екрем и целото негово семејство! Бог да ви даде трпение, а Аллах да му даде на Хабиб највисоките чинови од Неговиот Рај“, се вели во една од објавите.

Screenshot

Од него се прости и фудбалскиот клуб „Футсал Скопје“.

„Со скршено срце и длабока болка ја примивме веста за смртта на нашиот поранешен играч, нашиот пријател Хебиб Буњаку. Извонреден човек, кој зад себе остави незаборавни спомени за сите што го познаваа. Нашето најискрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите оние кои имаа среќа да го запознаат. Аллах да ве помилува!“, стои во нивната објава.

Screenshot

Повреденото лице со две прострелни рани е Аритон Далишта, кој е задржан на лекување но е вон животна опасност.

Деталите од МВР:

Детали за пукањето во Топанско: Двајца повредени, еден загинат, тројца уапсени

 

На почеток