Македонија

Шетањето низ општините за Перински не е предвремена кампања за градоначалничките избори, каде сака да е кандидат

Посетите на општините и спроведувањето на кампањата „Каде што срцето е дома“, за министерот Златко Перински не е предвремена кампања за локалните избори, на кои сака да влезе во трка за градоначалник на Скопје. Тој ова го изјави при денешната посета на Ѓорче Петров. Перински објаснува дека ова го прави, за да во Скопје не се населува повеќе од половина од Македонија.

„Основната работа на Министерството се локалните самоуправи. Тоа го работиме на дневна основа. Покрај локалната политика третираме и регионален развој. Точно е дека некој го гледа ова како почеток на изборна кампања, но јас не се согласувам со таа констатација“, рече Перински.

Според него, негова работа како министер е да ги посетува општините и да ги согледува проблемите. Тој додаде дека во изминатите години, ова Министерство не било на нивото на задачата.

„Доколку не се третираат овие материи, ќе се случува ова што се случува сега – пола Македонија да доаѓа во главниот град, а 70% од територијата да ни се иселува“, додаде Перински.

На почеток