Македонија

Македонскиот јазик е длабока емоција, да го чуваме, напиша Мицкоски на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, да му оддадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме.

“Јазикот е наш долг и наше право – Крсте П. Мисирков. Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени!“, напиша Мицкоски.

На почеток