Македонија

Премиерот апелира сите што биле во близина за време на пожарот да одат на лекар

Премиерот Христијан Мицкоски и денеска апелираше сите лица кои биле во близина на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, да одат на доктор, без разлика дали чувствуваат симптоми или не.
„Мора да се направат одредени чекори, без пркосење и негирање. Ако сакаме да избегнеме понатамошни компликации во деновите кои следуваат, треба да се јавите на доктор. Без разлика дали чувствувате било какви тегоби, обврска е да побарате консултација”, апелираше Мицкоски.

Премиерот ја истакна улогата на медицинските тимови, кои вложуваат максимални напори во спасувањето на повредените, како и на транспортирањето на пациенти во соседните држави.

Мицкоски информираше дека ќе бидат покриени трошоците за двајца членови од семејството на повредените за да можат да патуваат и да бидат со своите најблиски во болниците во други држави.

На почеток