Зошто го амнестирате градоначалникот, тој по службена должност знаел за диско-шталата, прашува Апасиев


Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев бара премиерот Христијан Мицкоски да не го амнестира градоначалникот на Кочани. Според Апасиев, постои образец кој се поднесува до градоначалникот на општината при отворање кабаре.
„Зошто го амнестирате градоначалникот на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби? Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање “кабаре”. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата! Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со несторување”, напиша Апасиев.

Prijava Apasiev
