Македонија

(Видео) Сведочење за сопственикот на дискотеката: Беше пред мене, пред да избие пожарот крена ПП апарат, мислам дека од него дојде до гушење

Сопственикот на дискотеката „Пулс“, бил внатре и уште пред да избие пожарот земал ПП апарат, сведочи Венко Крстевски, кој како што вели, влегол внатре на две минути пред почетокот на трагедијата. Тој во „Претрес со Ландов“ зборуваше за моментите пред и по пожарот. Посочи дека се сомнева во исправноста на ПП-апаратот и образложи дека по почетокот на неговото користење, густа црна чад се создала за брзо и сите почнале да се гушат.

„Пред мене беше сопственикот на дискотеката, и мислам дека тој, во самиот момент пред да избие пожарот крена ПП апарат. Мое мислење е дека од тој ПП апарат, дојде до гушење. Имаше црна чад која беше фатална за нашите сограѓани. Многумина пробале да излезат преку тоалетите, но имало шипки..“, вели Крстевски.

Неговото сведочење:

На почеток