Немаше човек кој беше во ВИП арената “Борис Трајковски” а бар за момент не стана да запее стих од хитовите на Влатко Лозаноски, кој го одржа неговиот прв солистички концерт. Тој прирдени незаборавно шоу, изнуди насмевки и ја забавуваше публиката. Салата беше преполна со деца, мајки, татковци, парови, луѓе од сите генерации, а заедничко им беше тоа што сите дојдоа да го чујат и видат Влатко.
Од “Јако јако” и “Надеж” до хитот кој го лансираше Лозано на сцената, “Сонце не ме грее”. Не изостанаа и песните од неговиот прв албум, но и последната композиција “Мајко” која Лозано ја посвети на својата мајка како негова најголема поддршка.
Влатко доби поддршка од неговите колеги како Тамара Тодевска, Јана Бурче, Весна Петрушевска кои во вип делот од арената пееа заедно со него.
“Ова лето ќе се памти” беше композицијата која Влатко ја отпеа, а ги натера неговите фанови да кажат “Овој концерт ќе се памти исто”.
На сцената заедно со Влатко беа браќата Мартин и Стефан од “Некс тајм”, со кои, ја отпеаа “Ја излези Ѓурѓо”, композицијатс која се пееше во еден глас.
На забавата и немаше крај: Лозано “Јако јако” ја здрма публиката, тие сплотени пееја со него и сакаа уште
Posted by skopje1.mk on Sunday, March 24, 2019
Лозано призна дека има трема, но успеа да ја надмине. Насмевката и изразот на лицето говореше повеќе од неговите зборови, па можеше да се заклучи дека тој е задоволен од првиот солистички концерт.
На крајот, Лозано сакаше да се повлече, но се врати на сцена оти публиката сакаше уште. По втор пат ја отпеа “Јако јако” и “Надеж”.
Атмосферата на концертот остави простор, Лозано да го видиме и по втор пат со солистички концерт. Тој ја заврши неговата работа, а организаторите “Аволон продукција” допринесоа за шоуто да биде комплетно