Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, од утре (19.10.2018 година, петок) до завршувањето на градежните работи, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улица „Павел Шатев“ до крстосницата со улица „Димо Хаџи Димов“ (кај Шампионче).
За време на извршувањето на градежните работи на оваа траса ќе биде забранет сообраќајот за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз кои ќе се пренасочат и ќе се движат по булеварот „Борис Трајковски“.