„Антизападното, антинародното, антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува голема, огромна нервоза и безочно лаже. Најостро ги демантираме изнесените лаги, дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или пак на било кој пратеник дека му се нудени пари, дека некој им се заканувал, или ги уценувал. За изнесените невистини ќе поднесеме и соодветни тужби пред надлежните органи“, вели Костадинов.
Според него, овие огромни лаги, измислени од антинордното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во клучни моменти за иднината на државата и истите ќе мора да ги докажат на суд.
„Ваквото однесување на Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги помина сите граници. Ова е нездраво, ненормално, особено за човек кој е генерален секретар на политичка партија. Очигледно е дека антизападното раководство не бира средства преку кои ќе се обиде да ја блокира иднината на Македонија и нејзините граѓани.
Одовде, од храмот на демократијата уште еднаш им порачуваме дека нема да успеат. Мицкоски и Груевски немаат љубов кон Македонија, тие љубат криминал. Тие се за сиромаштија, конфликт и криминал, ние со граѓаните сме за Македонија, иднина, просперитет и економија. Ги повикувам колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата. Ниту едно лажно обвинување, ниту една лажна вест на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО. Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави тој.
