Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја претвори Македонија во држава од третиот свет каде важи само силата

Специјалците и борбените коли кои цел ден во полна борбена готовност седат пред Собранието ги праќаат Зоран Заев и Оливер Спасовски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов.

Оттаму додаваат дека сомнителни карактери постојано кружат околу највисокиот законодавен дом, а седницата постојано се откажува, како што велат, се додека не вродат со плод „убедувањата“ на пратениците.

„Никаде во демократскиот свет пратеници не одлучуваат под толкав силен притисок. Македонија е единствената земја на тлото во Европа во која што опозициски пратеници се обвинуваат за тероризам и се ослободуваат од притвор во очи на најважното гласање во Собранието. Заканите, уцените и поткупот не се одлика на демократско општество, туку на тоталитарен систем. Република Македонија под власт на Заев се претвори во држава од третиот свет каде законите не важат, туку силата“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека токму Зоран Заев е човекот кој ги има сите полуги на власта во свои раце и тој е единствениот кој може да врши било каков притисок.

„Го повикуваме јавното обвинителство да поведе истрага за сите закани и притисоци насочени кон пратениците, а кои оневозможуваат непречено изјаснување. Ниедна прес-конференција на збунетиот портпарол на СДСМ нема да ја смени тажната денешна слика од Собранието која што ја гледа целиот македонски народ“, велат од партијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток