Претходно: Мијалков исфрлен со овации од ВМРО-ДПМНЕ
Неофицијално, сопственикот на „Кожувчанка“ и долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев е уште еден од лица за кого Централниот комитет донел одлука да го исфрли од партијата, дознава „Скопје1“. Освен него, исфрлен е и реформаторот Костадин Богданов.
„Скопје 1“ го исконтактира Јанчев, кој не знаеше за одлуката донесена на Централниот комитет кој е во тек. Тој ја замоли екипата на „Скопје 1“ да го информира за секоја наредна новност, бидејќи од партијата, тоа не го прават.
На состанокот, претседателот Христијан Мицкоски побарал предвремено одржување на конгрес, но неговите сопартијци одбиле, велат за Скопје1.мк извори од партијата.