Коментари

Зошто Елизабета Канчевска Милеска никогаш не може да биде херој?

Затоа што таа не е, а и никогаш нема да биде Калеш Анѓа, Доста Рожденката, стасита, пркосна, отпорна.
Дали воопшто знаеш за што зборувам, госпоџо екс министерке?

Нема никогаш да биде македонска мајка која, голорака и во солзи, одгледала седум, осум деца кои потоа пораснале и изгинале за Македонија во некоја темна, пуста планина. Мајки, кои, двоеле од уста за тие да имаат и да не легнат гладни. И ден-денеска.

Кога ти Елизабето ,,Велика”, додека се шеташе со ,,Прада” чантата и други ебени модни тракатанци од илјадници евра, одвои нешто за оние сироти деца кои отпатуваа на друг свет, додека ти располагаше со буџети од милиони евра и се сликаше по црвени теписи ?
Дали некогаш за 9 години министерување гукна нешто против сите неправди кои ги приреди Владата која те пееше на сите телевизиски канали и те поеше ?
Дали во овие година и пол гукна нешто против Владата на Заев, која е у го*на до гуша од афери ?

Ти никогаш нема да бидеш никаков херој. Ти го уништи мојот град и донесе неонки кои трепкаат и од кои болат очите, се затвораат сами и човек не може да гледа јасно. Донесе лош здив, мирис на очај и хамбургер естетика. Уништи неповратно безброј спомени и ги фрли во Вардар. Твоите зданија се бетон кој ќе го изеде времето. И мувлата и влагата од реката.
Твоето име ќе остане единствено запишано на документите од тендерите за кои сега ти се суди.

Ти си Елизабето- се`, само не херој.
Ти си ми мене поим за неизживеаност, ниска улична мода, инфантилност, глад за моќ, дисторзија.
Каде стапнеш, трева не расте.

Ти го подарувам за крај цитатот од Херман Геринг за време на Нирнбершкиот процес. Заменик канцеларот на Адолф Хитлер.

,,Со глас или без глас, луѓето секогаш можат да бидат доведени во заблуда и подведени на желбите на лидерите. Тоа е лесно. Сè што треба да направите е да им кажете дека се нападнати, да ги осудат пацифистите поради недостаток на патриотизам и да ја изложат земјата на опасност. Таа работи на ист начин во било која земја“.

Фејсбук статус на новинарката Јадранка Ивановска-Јоци

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток