На 23 октомври оваа година, во 15.00 часот во СВР Охрид, лицето Д.Д. од охридското село Лешани, за исчезнат го пријави неговиот син В.Д. (41) кој живеел во Швајцарија.
Според пријавата, В.Д. на 10 октомври од Швајцарија заминал за Турција на годишен одмор, а од пред пет дена немале никаков контакт со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.