Македонија

Претседателски избори се спремаат за во март или април

Премиерот Зоран Заев верува во полн четиригодишен мандат и не смета дека треба да има предвремени парламентарни избори, но оти за тоа се важни и опозицијата, албанските политички партии и пред сѐ, Парламентот.

– Го знаете мојот став, освен ако е насушно е потребно, неопходно и било кои големи фактори тоа го предизвикаат, тогаш би отишле на избори. Јас верувам во полн мандат, пред сѐ заради економијата, заради бизнисот, заради сите институции, заради граѓаните да можат да испланираат конечно после долги години четиригодишен мандат, а тоа значи и успех и развој и свекупен раст – рече Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Стоби.
Тој додаде дека изборите ќе беа неопходност ако ова во Парламентот не беше возможно.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток