Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид. Телото го забележал турист од Србија додека шетал во Самоиловата тврдина во Охрид. Тој веднаш повикал брза помош, но лекарите неможеле да направат ништо и само констатирале смрт.
Неофицијално на телото на починатиот не се забележани траги на насилство, што укажува дека се работи за природна смрт.
За целосно расветлување на случајот, но и по барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот.