Македонија

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на Сара

Апел за помош: Потребни се 200.000 евра за лекување на Сара

На петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.

Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.

Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Донациски број за донации преку мрежата на ВИП077 143-480
Донациски број за донации преку мрежата на Телеком070 143-102

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток