Македонија

Јанакиески е вратен во затвор, ќе прима терапија

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески е вратен во затворот во Шуто Оризари, откако претходно беше однесен во болницата „8 Септември“ во Скопје.

Тој се жалел на болки во бубрезите, а во болницата му биле направени анализи и прегледи. Дежурниот лекар му препишал терапија.

Ексминистерот веќе неколку дена штрајкува со глад во затворот, а пие само вода.

На почеток