Коментари

Она што му се случува на Охрид не е поинакво од останатите еко-катастрофи во вукоје*инава, пишува Ѓоршевски

Oна што му се случува на Охрид не е ништо поинакво од сите останати еко-катастрофи во вукојебинава. За кратко време и цело езеро ќе биде забрането за капење. И да, ќе ја изгуби и заштитата од УНЕСКО и ќе се претвори во жабурник. И во Дојран течат фекалии во езерото. И Преспанското доживеа еко катастрофа исто така. Попова Шапка е една голема депонија. Шуми стари по 80 години опустошени од дрвокрадци. Водно само што не се срушило. Пред неколку месеци преку 500 активни пожари пустошеа. Дебарското езеро и Радика полни со фекалии од околните канализации. На Пелистер ниту една изворска вода не е безбедна за пиење. За воздухот треба ли да се зборува? И кој што презел?

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор. Орките на Толкин се персонификација на зло оти уништуваа шуми, природа и се што е живо и убаво, а не им пречеше само мрак и отровен воздух. Се препознавме?
Пиромани, ловокрадци, дрвокрадци, дивоградители, оние кои создаваат депонии, уништувачите на национални богатства…Сите тие се продукт на популистичката доктрина во политиката која не се менува: Ги знаеме кои се ама не ги казнуваме оти се од “нашите” или ај ближат избори, па да не ја дивиме работата…
Kои ваши бе загреота едни!

И веќе никој не се плаши нешто да уништи. Кој завршил во затвор поради уништување на животна околина? Никој. Толку дрвја се исекоа, толку шума е украдена, толку диви депонии и дивоградби никнаа. Ниту едно име не е објавено во јавност како одговорно за тоа, а не пак казнето. Онаа дивоградба од човек Рамиз Мерко се исмејува со цела држава, отвора дивоградба сред Охрид и покрај итните препораки од Унеско директно работејќи против интересите на државата и ниту една институција не го повикува на одговорност, дури и виновни испаднаа новинарите што реагирале.

Е баш поради ова никој веќе не ја препознава Меркодонија за свој дом. И цела декаденција, вандализам, сиот бојкот на државните правила, сето расфрлање на националното богаство и уништување на животната средина се последица на таа психологија.
Не станува збор веќе ниту за индиферентност, туку во граѓаните владее и некоја сугестивна омраза кон државата и нејзините институции. Омраза поради лагите, манипулациите, неправичноста и корумпираноста на политичките елити што трае и трае. И патриотизмот е фејкерски, политички индоктриниран.
Патриотизам не е колнење на политичари по социјални мрежи, туку е родољубие – да си ја сакаш и заштитуваш сопствената животна средина.

Фејсбук статус на Филип Ѓоршевски

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток