Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов на социјалните мрежи се пофали со фотографии од столбови пронајдени под тротоар во Карпош 4, новинарката Јорданка Ивановска-Јоци со доза на потсмев вели дека тој го пронашол гробот на Александар Македонски.
„Потивко. Петре изгледа го најде гробот на Александар Македонски. Под тротоар на Партизанска. Повикал археолози. Паско, ќе спиеш ли мирно?“, напиша Јоци