Косана Мазнева , поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ се присети на големата семејна несреќа која им се случи пред точно 10 години. Таа сеуште бара одговорност за направената грешка. Во својот фејсбук статус ги наведува имињата на докторите кои ги посочува како виновни за трагедијата која и се случи на неа и нејзиното семјество.
„На 26.07.2009 во 22:15 згасна животот на мојот сопруг Благојче Мазнев, татко на моите две ќерки Ана и Михаела. Денес е 26.07.2019, 22:15. И после точно 10 години од неговата смрт по кристално јасен случај на лекарска грешка, корумпираното здравство, во спрега со корумпираното тогашно и сегашно судство се уште молчи, „Спиете ли мирно др. Слободан Ристовски и др. Виктор Камиловски?Спиете ли мирно „часни“ суде?
„Јас и моите деца НЕ! За Вас знам, Ве заболе за сите човечки судбини! Како мојот, така и сите останати случаи ќе бдеат над сите Вас, уште долги, долги годинии. Ова не се заборава. Почивај во мир Баже.“, напиша Мазнева на својот „Фејсбук“ профил.
26. 07. 2009 vo 22:15 zgasna zivotot na mojot soprug Blagojche Maznev, tatko na moite dve kerki Ana i Mihaela.Denes e…
Posted by Mazneva Kosana on Friday, July 26, 2019