Втор ден расправа за првиот нацрт-амандман од уставните измени. Комисијата за уставни прашања го поддржа првиот нацрт амандман на Уставот, за кој 10 члена гласаа „за“, пет беа против.
Овој амандман, се однесува за замена на зборот „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“, освен во во членот 36 каде што името има историски контекст.