Македонија

Левица: Охридското езеро не смее да биде уништено за лично богатење на поединци

Левица преку социјалните мрежи реагираа на приватизацијата на струшкото крајбрежје, поради што има катастрофални последици од неконтролираната градежна експанзија.

“Локалните медиуми во Струга деновиве го објавија предлогот на градоначалникот од ДУИ, Рамиз Мерко, за целосна приватизација на струшкото крајбрежје, каде последиците веќе се катастрофални од неконтролираната градежна експанзија и узурпација. И покрај тоа што овој предлог не поминал во Советот на Општина Струга, струшкиот градоначалник најавил дека овој проект ќе се реализира и без дадена согласност од советниците. Дали со ова Рамиз Мерко сака да најави дека постои договор за уништување на Охридското езеро помеѓу највисоките раководства на СДСМ и ДУИ?

Охридското езеро е природно богатство од непроценлива вредност и тоа не сме да заврши во рацете на локални моќници чиј единствен интерес е максимизирање на својот профит. Дали со узурпација и градежна урбанизација која зелените површини и трската ги заменува со приватни објекти и плажи, оваа Влада ќе го штити Унеско статусот на Охридското езеро, продолжувајќи ги погубните политики на претходната власт?

Бараме да се произнесат пред целата јавност претседателот на Владата, Зоран Заев и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески дали за да ги заштитат бизнис-интересите на својата коалиција се подготвени да дозволат неповратно уништување и девастирање на едно од нашите најзначајни природни богатства?

Охридското езеро претставува монументален споменик на природата и тоа не смее да биде уништено заради задоволување на краткорочните бизнис-интереси и желби за лично богатење на одредени поединци”, стои во објавата

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток