Како локална самоуправа во текот на изминатата година особено бевме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме голем број ифраструктурни зафати во сите основни и средни училишта, напиша на својот профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
🏢Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ покрај изградбата на новата спортска сала, со која значително се подобрија условите за спортување на учениците
▶️ Извршена е реконструкција на покривот на училишната зграда;
▶️ Извршена е замена на старите дрвени прозорци во училниците со нови пвц прозорци;
▶️Поставени се висококвалитетни плочи за спуштен плафон и соодветна лед електрика, во сите училишни простории;
▶️Дворното осветлување целосно е заменето со ново лед осветлување.
✅Продолжуваме понатаму да инвестираме плански и посветено за подобрување на условите за учениците и подигнување на квалитетот на целиот образовен процес, напиша градоначалникот на ФБ.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.621483135123960/621482805123993/?type=3&theater