Аудиоразговорот почнува со прашање на соговорникот:
Дисторзиран глас: А Шиптарите веќе ви ја пишат фактурата?
Потоа се слуша јасен „рез“ во тонот по што снимката продолжува со гласот на Заев:
Заев: Пет банки не вредат.
По уште еден рез соговорникот вели:
Дисторзиран глас: Мхм, не вредат …
По повторен рез, следи најдолгото тонско парче од Заев кое не е сечено:
Заев: Не вредат на пазарот на гласови. Не може со нас, другите … Со избори и они ќе се валоризираат. За дали ќе пишат фактури, за да пишеш фактури мора да имаш роба позади себе, така? Не може така да ја пишеш. Тие немаат роба позади себе.
По нов рез на снимката (во позадина наеднаш ја снемува музиката и се менува пеењето на птиците), соговорникот вели:
Дисторзиран глас: Имаат борци тие.
По уште еден рез (каде сега повторно има музика во позадината), Заев вели:
Заев: Борци се наоѓаат по светот секој пат.
Следи нов рез во аудиото и нова реплика на соговорникот:
Дисторзиран глас: Аха се наоѓаат … Со илјада луѓе државата ќе ни ја земеа … Вие треба да се фокусирате на тоа …
По уште еден рез во аудиото, Заев одговара:
Заев: Они се борат за парички.
И претходните сними од ручекот со Александар Верушевски во Струмица во 2016 година беа видливо сечени, но сепак имаше доволни долги парчиња во кои немаше „интервенции“ за да може да се добие контекст за барем дел од разговорите. Така во една од вчерашните снимки можеше да се разбере дека Заев бара писмено решение од финансиската полиција дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. На крајот на тонскиот запис Заев вели „нека повлечат сè со решение и нема да објавам ништо“. Во втората, Заев со непознатиот соговорник зборува за улогата на Петре Шилегов како претседател на второстепената комисија за јавни набавки.