Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Администрацијата на Трамп најави масовна ревизија на „зелените карти“ за имигранти од 19 земји – по нападот во Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе спроведе повторна, детална проверка на сите зелени карти издадени на имигранти од 19 земји, јавува BBC. Одлуката доаѓа непосредно по вооружениот напад во Вашингтон, во кој афганистански државјанин тешко рани двајца припадници на Националната гарда.

Директорот на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS), Џозеф Едлоу, соопшти дека Трамп наредил „целосна и ригорозна повторна проверка на секоја зелена карта за секој странец од секоја земја од интерес“.

Нападот го извршил 29-годишниот Рахманулах Лаканвал, кој во САД пристигнал во 2021 година преку специјален програма за заштита на Авганистанци по повлекувањето на американската армија од Авганистан. Според американските власти, тој со огнено оружје ги нападнал припадниците на Националната гарда во центарот на Вашингтон.

Трамп изјави дека случајот ја демонстрира „најголемата закана за националната безбедност“.

„Претходната администрација пушти 20 милиони непознати и непроверени странци. Ниту една земја не може да го толерира тој ризик,“ порача Трамп.

— реклама —

Кои земји ќе бидат опфатени?
USCIS упати на претседателскиот документ од јуни, според кој под „земји од интерес“ се наоѓаат:

  • Авганистан

  • Куба

  • Хаити

  • Иран

  • Сомалија

  • Венецуела

Други земји опфатени со ревизијата се Бурма, Чад, Република Конго, Либија и уште неколку други држави со високи безбедносни ризици или со голем број прекршувања на визниот режим.

Во документот се наведува дека Авганистан е целосно под контрола на Талибанците – група означена како глобална терористичка организација – и дека земјата не може да обезбеди валидни патни или граѓански документи.

— реклама —

Едлоу нагласи дека ревизијата е дел од новиот приоритет на администрацијата за национална безбедност.

„Американскиот народ нема да ги плаќа трошоците на непромислените политики за преселување на претходната администрација,“ додаде тој.

— реклама —

Сѐ уште не е познато како точно ќе изгледа процесот на повторната проверка, ниту дали одредени групи имигранти би можеле да го изгубат статусот.

Одлуката следи по уште една мерка од минатата недела – ревизија на статусот на сите бегалци примени во САД во периодот на администрацијата на Џо Бајден.

Администрацијата на Трамп со ова отвора нов фронт во имиграционата политика – со директни последици за илјадници имигранти кои веќе долги години живеат и работат во САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран го демантира Трамп: Нема преговори со САД, ниту договорени средби

Свет | пред 2 часа

Screenshot_3-Copy-32

Зошто Вашингтон купува јени со евра, а не со долари?

Свет | пред 6 часа

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп најави нови преговори со Иран: Го откажавме најголемиот напад од Втората светска војна

Свет | пред 9 часа

Pentagon

Трамп ја забрани Anthropic, судот ја блокираше одлуката

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања