Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Адвокатката на газдата Деко: Родителите си дозволија штрајк фотошопирајќи го мојот лик, го нарушуваат угледот на секој адвокат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library9i5ldf3q4h4d9DhvUpi

Адвокатката Ивана Коцевска, бранител на обвинетиот Дејан Јованов-Деко и неговиот син, во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, денеска излезе со јавен став по протестот на родителите на загинатите, посочувајќи дека досега свесно се воздржувала од јавни реакции од почит кон болката и тагата на семејствата.

— реклама —
media-libraryr13igug2inobaJrxD8i

Во своето обраќање, Коцевска наведува дека молкот бил израз на емпатија и човечко сочувство, но дека по последните настани, смета оти повеќе нема простор за воздржаност.

— реклама —
— реклама —

„Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025год од одредени НН лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на РМ во заштита на нашата професионална должност пред се, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото“, посочува Коцевска во реакцијата.

— реклама —

Според Коцевска, емпатијата кон жртвите и нивните семејства не смее да биде изговор за оправдување на незаконити дејствија или за јавни дискредитации кои ја поткопуваат правната држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Македонија | пред 2 седмици

media-library5ep6umtq6r4239PXoZj

Во сабота ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“ во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp20sb7pbvsnr5GZXVqQ

Kочанчанец избега од полициска станица преку прозорец, откако бил приведен со бела прашкаста материја

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Нови осомничени во случајот „Пулс“: Инспектори со години не вршеле контроли

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања